Претседателот Ердоган за процесот од 28 февруари: Пучот е злосторство против човештвото

Претседателот Ердоган во видео пораката потсети дека го доживеа процесот од 28 февруари кога на незаконски начин беше ставен во затвор и истакна дека пучот е злосторство против човештвото

1592233
Претседателот Ердоган за процесот од 28 февруари: Пучот е злосторство против човештвото

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави видео порака по повод одбележувањето на 24-годишнината од процесот од 28 февруари 1997 година кој во турската политичка историја е заведен како „постмодерен пуч“.

Претседателот Ердоган во видео пораката потсети дека го доживеа процесот од 28 февруари кога на незаконски начин беше ставен во затвор и истакна дека пучот е злосторство против човештвото.

„Пучот е злосторство против човештвото. Го доживеав 28 февруари, свесен сум за 28 февруари. Во периодот на 28 февруари бев градоначалник на Истанбул. Поради една рецитирана песна незаконски бев ставен во затвор и се сакаше да се стави крај на мојот политички живот. Сега ја извршувам должноста прв претседател на Турција кој е избран со гласовите на народот. И покрај сите попречувања со слава и чест му служам на мојот честит народ.“ - истакна претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во објавената видео порака по повод 24-годишнината од постмодерниот пуч на 28 февруари 1997 година. 

 



Слични вести