НАТО со споделена објава за турските елитни пешадиски командоси „Сините беретки“

Командата на копнените сојузнички сили на НАТО на својот профил на Твитер сподели објава на турски и англиски јазик во врска со пешадиските командоси или како што се познати со нивното популарно име во Турција „Сините беретки“

1592014
НАТО со споделена објава за турските елитни пешадиски командоси „Сините беретки“
NATO Mavi Bereli Paylaşım.jpg

НАТО напиша дека „Сините беретки“ се елитна пешадиска единица на турските сојузници.

Командата на копнените сојузнички сили на НАТО на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава на турски и англиски јазик во врска со пешадиските командоси или како што се познати со нивното популарно име во Турција „Сините беретки“ кои се истакнати пешадиски командоски единици. 

Во споделената објава на командата на Сојузот чиј штаб се наоѓа во Измир, заедно со фотографија со амблеми на полумесечина и ѕвезда, НАТО и сина беретка, стои напишано дека „Сините беретки се елитна пешадиска единица на нашите турски сојузници.“

Во објавата се нагласува дека командосите „Сини беретки“ се елитни копнени (пешадиски) единици во реализација на операции во борбата против тероризмот, воспоставувањето на пограничната безбедбост и доминацијата на теренот.

 



Слични вести