Иранскиот амбасадор во Анкара Мухамед Феразменд повикан во МНР на Турција

Министерството за надворешни работи соопшти дека се очекува од Иран да стои покрај Турција, а не наспроти неја во нејзината борба против тероризмот

1592238
Иранскиот амбасадор во Анкара Мухамед Феразменд повикан во МНР на Турција

Иранскиот амбасадор во Анкара Мухамед Феразменд е повикан во Министерството за надворешни работи од кого е побарано појаснување поради изјавите на иранскиот амбасадор во Багдад Ирек Месџиди кој ја критикуваше Турција за прекршување на суверенитетот на Ирак.

Министерството за надворешни работи соопшти дека се очекува од Иран да стои покрај Турција, а не наспроти неја, во нејзината борба против тероризмот.

Според добиени информации од дипломатски извори, иранскиот амбасадор во Багдад Ирек Месџиди во интервју за еден информативен орган на 23 февруари даде изјави со критикување на Турција за прекршување на суверенитетот на Ирак, по што иранскиот амбасадор во Анкара Мухамед Феразменд е повикан во Министерството за надворешни работи на Турција.

На иранскиот амбасадор Мухамед Феразменд му беше сугерирано дека со децидни изрази се негираат изјавите на иранскиот амбасадор во Багдад Ирек Месџиди кој ја обвини Турција за прекршување на суверенитетот на Ирак и дека од страна на секого вклучувајќи ги и ирачките власти се знае дека операциите на Турција всушност се реализираат во рамките на борбата против тероризмот против елементите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кои целат против стабилноста, безбедноста и суверенитетот и на Ирак.

Беше нагласено дека за време на посетите на високо ниво коишто се реализираат во последно време помеѓу Турција и Ирак е постигната согласност во однос на тоа оти сепаратистичко-терористичката организација ПКК претставува заедничка закана и воедно дека и од Иран се очекува да застане покрај Турците, а не наспроти неја, во нејзината борба против тероризмот.

Од друга страна, беше нагласено дека привлекува внимание и тоа што иранскиот амбасадор во Багдад Ирек Месџиди во неговото интервју никако не се осврнува на заканата којашто се создава поради присуството на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Ирак.

На иранскиот амбасадор во Анкара Мухамед Феразменд освен тоа му беше потсетено дека за да би можела ирачката Влада да води ефикасна борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, како две земји (Иран и Турција) треба да им се дава поддршка на напорите во правец на ставање под контрола на ирачката Влада на сите вооружени милициски групи, вклучувајќи ги и оние кои се во соработка со терористичката организација.

 



Слични вести