Турција жестоко го осуди киднапирањето на повеќе од 300 девојчиња ученички во Нигерија

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека жестоко се осудува киднапирањето на повеќе од 300 девојчиња ученички од еден интернет во Нигерија

1591682
Турција жестоко го осуди киднапирањето на повеќе од 300 девојчиња ученички во Нигерија

Турција жестоко го осуди киднапирањето на повеќе од 300 девојчиња ученички за време на извршениот вооружен напад на еден интернат во Нигерија

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење е дознаено за веста за киднапирање на повеќе од 300 женски ученици за време на извршениот напад од страна на вооружена група на еден интернат во провинцијата Замфара во Нигерија.

Во соопштението се вели следното: „Жестоко го осудуваме овој грозен чин против невините ученици. Посакуваме учениците кои се водат како исчезнати што поскоро здрави и живи да се сретнат со нивните семејства. Ја доставуваме нашата желба до пријателскиот и братски нигериски народ и до нигериската Влада за пребродување на оваа состојба.“

Инаку, началникот на полицијата во провинцијата Замфара Абуту Јаро вчера изјави дека засега неидентификувани вооружени лица рано наутро извршиле напад на една женска гимназија во областа Жангебе во провинцијата и притоа биле киднапирани 317 ученички.

 



Слични вести