Турција го осуди терористичкиот напад во Мали во кој загинаа 8 војници, а 5 мина беа ранети

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека Турција го осудува извршениот терористички напад врз една воена база во Мали во кој загинаа 8 војници, а 5 мина војници се ранети

1591686
Турција го осуди терористичкиот напад во Мали во кој загинаа 8 војници, а 5 мина беа ранети

Турција го осуди реализираниот терористички напад на една жандармериска единица во западноафриканската држава Мали во кој загинаа 8 војници, а 5 мина беа ранети.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дочекана веста за смртта и ранувањето на голем број припадници на безбедносните сили во реализираниот терористички напад на 25 февруари чија цел беше една жандармериска единица во Бандиагара областа Мопти во Мали.

Во соопштението на Министерството се вели следното: „Го осудуваме овој терористички акт. Го изразуваме нашето искрено сочувство до пријателскиот и братски народ на Мали и на Владата, сочувство до семејствата и блиските на загинатите, побрзо оздравување на ранетите.“

Во објавеното соопштение од армијата на Мали беше истакнато дека од страна на неидентификувани вооружени лица е извршен напад врз воената база Бандиагара во областа Мопти во кој загинаа 8 војници, а 5 мина војници се ранети.

 



Слични вести