Средби на Мевлут Чавушоглу со државниот врв на Хрватска

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Хрватска беше примен кај претседателот Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Парламентот Гордан Јандроковиќ

1591691
Средби на Мевлут Чавушоглу со државниот врв на Хрватска
milanovic cavusoglu 1.jpg
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu Hırvatistan Başbakanı Andrej Plenkoviç.jpg
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu Hırvatistan Meclisi Başkanı Gordan Jandrokoviç.jpg
Dışişleri Bakanı Mevlüt Çavuşoğlu Hırvatistan Meclisi Başkanı Gordan Jandrokoviç1.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори за време на остварената официјална посета на Хрватска, вчера беше примен и кај претседателот Зоран Милановиќ.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека во Загреб беше примен кај хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот на Парламентот (Хрватскиот Сабор) Гордан Јандроковиќ. 

Велејќи дека на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ му ги пренел поздравите и добрите желби на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Мевлут Чавушоглу рече: "По повод земјотресот уште еднаш го доставивме нашето сочувство. Разменивме мислења во однос на актуелни регионални прашања."

Министерот Чавушоглу истакна дека и на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му ги пренел најдобрите желби на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и го рече следното: "Им се заблагодаривме на турските фирми за подршката. Спремни сме да дадеме поддршка на повторната изградба на областите погодени од земјотресот. Значајна е конструктивната улога на Хрватска по прашањето на Европската унија (ЕУ)."

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така истакна дека на приемот кај претседателот на Парламентот на Хрватска Гордан Јандроковиќ му ги пренел поздравите и добрите желби на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп. 

Чавушоглу рече: "По епидемијата (Јандроковиќ) ќе го покани нашиот претседател на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во Хрватска. Веруваме во силата на парламентарната демократија. Ќе ги зајакнеме нашите парламентарни односи."

 



Слични вести