Претседателот Ердоган: Најзначајниот показател дека сме земја чија ѕвезда блеска е бројот на странските туристи
Претседателот Ердоган рече: „Најзначајниот показател за тоа дека сме земја чија ѕвезда постепено блеска е тоа што бројот на странските туристи на кои сме домаќини достигна до 52 милиони лица“



Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше на свеченото отворање на Киното Атлас и Музејот за кинематографија во Истанбул кадешто истакна дека најзначајниот показател за тоа дека сме земја чија ѕвезда постепено блеска е тоа што бројот на странските туристи на кои сме домаќини достигна до 52 милиони лица.
Велејќи дека на секое место кадешто се укинати или олабавени ограничувањата за патување коишто се прогласени поради борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) речиси се доживува бум во резервациите во Турција, претседателот Ердоган рече: „Најзначајниот показател за тоа дека сме земја чија ѕвезда постепено блеска е тоа што бројот на странските туристи на кои сме донаќини достигна до 52 милиони лица.“
„Бројот на нашите простории во кои се реализираат културно-уметнички настани од 858 го зголемивме на 4.139, бројот на нашите манифестации од 34 илјади го доближивме до 110 илјади“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и информира дека прашањето во полето на културата ќе биде поставено на чело на приоритетните сфери и на силен начин ќе бидат зајакнати и потфатите во финансиската инфраструктура.
Слични вести
