Порака од потпретседателот Фуат Октај по повод 29-годишнината од масакрот во Хоџали

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека со почит се сеќава на жртвите во извршениот ерменски зулум за време на масакрот во Хоџали

1592010
Порака од потпретседателот Фуат Октај по повод 29-годишнината од масакрот во Хоџали

Потпретседателот Фуат Октај на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели порака по повод одбележувањето на 29-годишнината од масакрот во Хоџали. 

Октај истакна дека со почит се сеќава на жртвите во извршениот ерменски зулум за време на масакрот во Хоџали.

Потпретседателот Фуат Октај во пораката напиша: "Ѕверството коешто се доживеа во Хоџали пред 29 години продолжува да причинува болка во срцата. Се надевам дека ослободувањето на древните азербејџански територии кои се наоѓаа под ерменско заробеништво макар и малку ќе претставува утеха за овие тажни срца. Нашите шехиди (загинати) кои станаа жртва на ерменскиот зулум нека почиваат во мир."

Инаку, ерменските сили на 26 февруари 1992 година во областа Нагорно Карабах во Азербејџан ѕверски измасакрираа 613 азербејџански граѓани. Овој настан во историјата е заведен како масакрот во Хоџали.

 



Слични вести