Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв на Армијата во посета на ХАВЕЛСАН

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв на Армијата ги посетија постројките на Воздухопловната воена индустрија (ХАВЕЛСАН или HAVELSAN)

1591794
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв на Армијата во посета на ХАВЕЛСАН
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar HAVELSAN1.jpg
Milli Savunma Bakanı Hulusi Akar HAVELSAN2.jpg

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во придружба и на началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите ги посетија постројките на Воздухопловната воена индустрија (ХАВЕЛСАН или HAVELSAN).

Министерот Акар во оваа пригода доби информации во врска со проектите кои се завршени и чија реализација продолжува.

Во говорот што го одржа овде министерот Хулуси Акар го нагласи значењето на одбранбената индустрија и рече: „Нашите пријатели, нашите сојузници, оние кои ги сметаме за пријатели, на извесен начин инсистираат да не ни ги даваат материјалите, производите коишто ги бараме, од кои имаме потреба и чии пари ги плаќаме. И покрај сите иницијативи коишто ги преземаме, постои сериозен проблем, вознемиреност, по ова прашање.“

Велејќи дека критичното оружје и критичните системи се директно пропорционални со суверенитетот и независноста на Турција, Акар рече: „Домашниот и националниот процент во одбранбената индустрија е зголемен на околу 70 отсто. Турските вооружени сили (ТВС или TSK), во усогласеност со нивните национални, духовни и стручни вредности продолжуваат да го дават својот придонес кон регионалниот и светскиот мир на копно, во море и во воздух и тоа не само за својата земја и својот народ, туку истовремено и во рамките на Обединетите нации (ОН), НАТО и Организацијата за безбедност и на Европа (ОБСЕ).“

По разгледувањето на повеќенаменското беспилотно летало од средна класа „Баркан“  и другите системи, министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) ја завршија посетата на постројките на Воздухопловната воена индустрија (ХАВЕЛСАН или HAVELSAN).

 



Слични вести