Ердоган: Во последните 18 години покренавме мобилизација во сите видови сообраќај, копнен, воздушен, железнички, поморски

Претседателот Ердоган на свеченото отворање на тунелот Кизилџахамам-Черкеш истакна дека во последните 18 години речиси е покрената мобилизација во сите видови сообраќај, од копнениот до воздушниот и од железничкиот до поморскиот

1591906
Ердоган: Во последните 18 години покренавме мобилизација во сите видови сообраќај, копнен, воздушен, железнички, поморски

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се приклучи преку линк во живо на церемонијата на свечено отворање на на тунелот Кизилџахамам-Черкеш, кадешто го рече следното: „Кога станува збор за целовитоста на нашата земја, единството на нашиот народ и за постоењето на нашата држава, го жртвуваме и нашиот живот."

Велејќи „Во последните 18 години речиси покренавме мобилизација во сите видови сообраќај во нашата земја, од копнениот до воздушниот и од железничкиот до поморскиот“, претседателот Ердоган рече: „Ефикасното користење и на другите средства за сообраќај од нашите аеродроми до нашите железнички линии за брз воз, е резултат на распространувањето на нашата мрежа на магистрални патишта. Со сите нив благодарение на овие наши мрежи на сообраќај (превоз или транспорт) коишто се надополнуваат меѓусебно можеме да гледаме со многу поголема доверба кон нашата иднина, ѝ од аспект на човечкиот развој, ѝ од аспект на економската инфраструктура.“

Во продолжение на својот говор претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Ние при планирање и реализирање на нашите инвестирања само и исклучиво гледавме на тоа што сака нашиот народ. Гледајќи на тоа од што има потреба нашиот народ, што сака, што заслужува, едноподруго и ги придадовме нашите дела на нашата земја.“ 

Претседателот Ердоган во врска со тунелот Кузилџахамам-Черкеш чие свечено отворање се реализира, го рече следното: „Овој проект сегашната маршрута ќе ја направи покуса за 2,4 километри, од време и од гориво ќе обезбеди заштеда од приближно 7,5 милиони турски лири годишно.“

 



Слични вести