Турција се сеќава на масакрот во Хоџали: Нема да го заборавиме ова злосторство против човештвото!

Во објавеното соопштение на МНР по повод 29-годишнината од извршениот масакр во Хоџали од страна на Ерменците на 26 февруари 1992 г. се истакнува следното: „Најдлабоко во нашите срца ја чувствуваме и споделуваме болката на Џан (нашето срце) Азербејџан“

1591521
Турција се сеќава на масакрот во Хоџали: Нема да го заборавиме ова злосторство против човештвото!
Hocalı Katliamı Video kapak.jpg
Hocalı Katliamı 17.jpg
Hocalı (1).jpg
Hocalı Anma (20).jpg

Турција објави соопштение по повод одбележувањето на 29-годишнината од извршениот масакр во Хоџали од страна на Ерменците на 26 февруари 1992 година.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи истакнува следното: „Најдлабоко во нашите срца ја чувствуваме и споделуваме болката на џан (нашето срце) Азербејџан.“

Во соопштението се вели дека се потсетува дека во реализираниот напад од страна на воените единици на Ерменија на 26 февруари 1992 година врз градот Хоџали во областа Нагорно Карабах на Азербејџан, беа брутално масакрирани вкупно 613 невини азербејџански граѓани, од кои 106 беа жени, 53 деца и 70 стари, а стотици азербејџански граѓани беа ранети.

Се напоменува дека во овие напади паднаа во заробеништво повеќе од 1.000 лица и дека за жал не можеше да се дознае за судбината на голем број лица кои се водат како изчезнати.

„Занеме дека сѐ уште се свежи раните предизвикани со масакрот во Хоџали којшто беше доживеан пред очите на светот, најдлабоко во нашите срца ја чувствуваме и споделуваме болката на Џан (нашето срце) Азербејџан. На нашите азербејџански браќа кои ги загубија животите во нечовечкиот масакр во Хоџали им посакуваме милост од Аллах, на џан (нашето срце) азербејџански народ му ги доставуваме нашите најискрени желби со сочувство и со почит се поклонуваме пред честитите спомени на оние кои ги загубија своите животи.“ - стои во соопштението.

Во истото соопштение се истакнува дека по тој повод се сеќаваме со милост и почит на оние кои ги загубија своите животи и станаа шехиди во Војната за татковината со што се ослободени окупираните територии на Азербејџан и е отворен патот за враќање назад во своите домови на приближно 1 милион Азербејџанци кои беа принудени да ги напуштат своите родни места.

Во меѓувреме, и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот рофил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Со милост се сеќавам на нашите азербејџански браќа кои пред 29 години беа ѕверски измасакрирани во Хоџали. Не го заборавивме, нема да го заборавиме ова извршено злосторство против човештвото.“

 



Слични вести