Реакција од Турција против донесената одлука во Холандија во врска со настаните од 1915 година

Портпаролот на МНР Хами Аксој истакна дека одлуката на Претставничкиот дом на Холандија со која се упатува повик до Владата да ги призна настаните од 1915 г. како геноцид, е неважечки обид во својство на повторно пишување на историјата со политички мотиви

1590988
Реакција од Турција против донесената одлука во Холандија во врска со настаните од 1915 година

Турција покажа реакција против одлуката на Претставничкиот дом на Холандија со која се повикува Владата да ги признае настаните од 1915 година како „геноцид врз Ерменците“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со одлуката којашто вчера беше усвоена во Претставничкиот дом на Холандија.

Аксој го истакна следното: „Одлуката којашто беше усвоена во Претставничкиот дом на Холандија денеска (25 фавруари) и со која се упатува повик до Владата да ги призна настаните од 1915 година како геноцид, е неважечки обид во својство на повторно пишување на историјата со политички мотиви. Собранијата не се места за пишување и судење на историјата. Оние кои се приклучуваат кон оваа одлука наместо да разберат што навистина се случи во 1915 година, се во популистички обид за придобивање на гласови.“

Хами Аксој ги покани потписниците на одлуката да ги испитаат одлуките на Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторството за геноцид од 1948 година и одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Тој рече: „Ве покануваме да ги поддржите напорите за подобро разбирање на едно историско прашање. На чело на овие напори се наоѓа нашиот предлог за Заедничка историска комисија на којшто не е одговорено од страна на Ерменија.“

Нагласувајќи дека се очекува од холандската Влада да покаже став со којшто ќе се надгледува владеењето на правото, портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој ја изнесе следната констатација: „Претставничкиот дом на Холандија пак, наместо да донесува одлуки против Турција, откинати од вистината како што често прави во последниот период, ќе биде попрецизно своето работно време да копнее да го искористува за борба против расизмот, непријателството кон исламот и странците (исламофобијата и ксенофобијата) коишто постепено растат, со кои и турската заедница во Холандија се соочува во секојдневниот живот и за борба против дискриминаторски применувања коишто како последно достигнаа до оставка на Владата.“

 



Слични вести