Реакција од министерот за национална одбрана Хулуси Акар против ЕУ и САД

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар реагираше против Европската унија (ЕУ) за нејзиниот став во врска со убиството на 13-те турски граѓани во Гара на северот на Ирак и против ставот на САД по прашањето на ракетно одбранбените системи С-400

1591332
Реакција од министерот за национална одбрана Хулуси Акар против ЕУ и САД

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во дадената изјава денеска во градот Кајсери во врска со убиството на 13-те турски граѓани од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, во областа Гара во северниот дел на Ирак рече: „Европската унија (ЕУ) веќе треба да ја остави дволичноста.“

Нагласувајќи дека секој треба да ја види безмилосноста и подлоста на ПКК во Гара, Акар го истакна следното: „Европската унија (ЕУ) вели 'човекови права'. Што ќе биде со правото на живот на нашите невини граѓани кои станаа шехиди (беа убиени) во Гара? Апостолите на демократијата веќе треба да ја остават дволичноста.“

Хулуси Акар, во врска со случајот со вознемирување на турскиот брод „ТЏГ Чешме“ (TCG Çeşme) од страна на грчките авиони Ф-16 во меѓународните води во северниот дел на Егејското Море, истакна дека е даден потребниот одговор и рече: „Уште еднаш истакнуваме дека овој став не е во усогласеност со добрососедските односи.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, се осврна и на присутната затегнатост со Соединетите Американски Држави (САД) во врска со купениот противвоздушно одбранбен систем од Русија  за којшто истакна дека Турција го искористи своето суверено право.

Велејќи дека противвоздушно одбранбениот систем С-400 ќе биде користен тогаш кога ќе затреба против одредена закана и опасност, Акар рече: „Доколку не постои намера за напад врз Турција, тоа не му штети никому. С-400 ќе го користиме независен од системот на НАТО, поединечно. Тоа што преку прашањето со С-400 се применуваат одредени ограничувања кон нашата земја, а пред се во однос на авионите Ф-35, не е во усогласеност со духот на сојузништво.“

 



Слични вести