Претседателот Ердоган: Ако се оди на промена на власта тоа ќе го направи ерменскиот народ

Претседателот Ердоган во врска со обидот за воен удар во Ерменија, рече: „Ние сме против секој вид пуч. Особено не е можно да ги прифатиме пучевите. Ако се оди на промена на власта таа промена на власт ќе ја направи ерменскиот народ.“

1591443
Претседателот Ердоган: Ако се оди на промена на власта тоа ќе го направи ерменскиот народ

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска на излегување од џума намаз (петочната молитва) во Истанбул одговараше на прашањата на новинарите.

Во врска со обидот за воен удар во Ерменија, претседателот Ердоган рече: „Ние сме против секој вид пуч. Особено не е можно да ги прифатиме пучевите. Ако се оди на промена на власта таа промена на власт ќе ја направи ерменскиот народ. Не е нешто коешто би можело да се прифати тоа што Армијата по пат на стапување во акција речиси повикува на пуч.“

Нагласувајќи дека народот ионака е дојден во состојба да го симне од власт ерменскиот премиер Никол Пашинјан, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Меѓутоа, кога е во прашање пучот нашиот поглед во таа точка е различен. Ако се оди на промена на власта таа промена на власт ќе ја направи ерменскиот народ. И тоа треба да му се препушти на ерменскиот народ.“

 



Слични вести