Порака од претседателот Ердоган по повод 29-годишнината од масакрот во Хоџали
Претседателот Ердоган во пораката истакна дека Турција ќе продолжи да биде покрај праведната борба на Азербејџан и го напиша следното: „Со милост се сеќавам на нашите азербејџански браќа кои беа брутално масакрирани во Хоџали пред 29 години“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави порака по повод одбележувањето на 29-годишнината од масакрот во Хоџали.
Претседателот Ердоган во пораката истакна дека Турција ќе продолжи да биде покрај праведната борба на Азербејџан и го напиша следното: „Со милост се сеќавам на нашите азербејџански браќа кои беа брутално масакрирани во Хоџали пред 29 години.“
„На 29-годишнината од масакрот во Хоџали на чија болка и покрај тоа што поминаа долги години ќе се сеќаваме и повторно ќе доживееме жалост; со милост се сеќавам на нашите 613 азербејџански браќа кои безмилосно беа измасакрирани без да се прави разлика меѓу жени, деца и стари, му го изразувам моето сочувство на пријателскиот и братски азербејџански народ. Ние сме еден народ, две држави. Како Турција ќе продолжиме да бидеме покрај Азербејџан во неговата праведна борба.“ - стои во пораката на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по повод одбележувањето на 29-годишнината од масакрот во Хоџали.