Честитки од илјадници корисници на социјалните медиуми по повод 67. роденден на претседателот Ердоган

Споделените објави со честитки по повод 67. роденденот на претседателот Ердоган на Твитер со хаштагот #İyikiDoğdunMilletinAdamı за кусо време наидоа на поддршка кај десетици илјади корисници

1591020
Честитки од илјадници корисници на социјалните медиуми по повод 67. роденден на претседателот Ердоган
erdoğan.jpg

Претседателот Ердоган е роден на 26 февруари 1954 година и денеска наполнува 67 години.

Десетици илјади корисници на социјалните медиуми му го честитаа 67. роденден на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Одбележувањето на 67. роденден на претседателот Ердоган стана настан кој се најде на дневниот ред на социјалната мрежа Твитер.

Споделените објави со честитки по повод роденденот на претседателот Ердоган на Твитер со хаштагот #İyikiDoğdunMilletinAdamı (Добро е што си роден човек на народот) за кусо време наидоа на поддршка кај десетици илјади корисници.

Сопругата Емине Ердоган, исто така 67. роденден на претседателот Ердоган му го честита со споделена сликана фотографија раа за рака. 

Во меѓувреме, и од страна на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) беше споделено видео коешто беше објавено со  белешката „Среќен роденден, за многу години на патот во услуга на народот.“

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун и портпаролот на претседателството Ибрахим Калин и др. со споделени објави преку своите профили на социјалните медиуми исто така му го честитаа 67. роденден на претседателот Ердоган.



Слични вести