Започна воената вежба „Сина татковина 2021“

На воената вежба „Сина татковина 2021“ која започна денеска, а ќе заврши на 7 март во недела, освен поморските сили учествуваат и воздухопловните и копнените сили на Турција

1590746
Започна воената вежба „Сина татковина 2021“

Започна воената вежба „Сина татковина 2021“ којашто се реализира под координација на Командата на поморските сили на Турција.

Во воената вежба освен поморските сили учествуваат и воздухопловните и копнените сили.

На воената вежба која се реализира на еден доста широк простор во Егејското Море и Средоземното Море учествуваат 169 бродови и голем број авиони и хеликоптери, а исто така се користат и беспилотни летала. 

Летечки цели на просторот на поморската воена вежба се погодуваат со надводни и воздушно одбранбени истрели.

На воената вежба ќе биде направена проценка на подготвеноста на штабот, единиците и бродовите во склопот на Командата на поморските сили против евентуални состојби. 

Освен тоа ќе бидат следени и контролирани и методите и можностите за заедничко функционирање и соработка на силите. 

За време на воената вежба ќе се настојува да се зголеми нивото на подготвеност пред евентуална војна, а ќе се работи и на развивање на тактики за реализација на операции.

Воената вежба „Сина татковина 2021“ ќе заврши на 7 март во недела.

 



Слични вести