Турција ги осуди случувањата во Ерменија

Ние сме против сите видови пучеви и обиди за државен удар без оглед на тоа каде и во која земја да се случуваат во светот

1590865
Турција ги осуди случувањата во Ерменија

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Турција е против сите видови пучеви и обиди за државен удар без оглед на тоа каде и во која земја да се случува во светот и остро ги осудува случувањата во Ерменија.

Мевлут Чавушоглу во рамките на официјалната посета на Унгарија, во Будимпешта оствари средба со унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто.

По средбата, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу заедно со неговиот унгарски колега Питер Сијарто одржаа заедничка прес конференција.

Чавушоглу рече дека на средбата разговарале за многу прашања кои се наоѓаат на агендата на Турција и Европа, потенцирајќи дека ќе ги развијат билатералните односи.

Чавушоглу, во врска со случувањата во Ерменија рече:

„Ние сме против сите видови пучеви и обиди за државен удар без оглед на тоа каде и во која земја да се случуваат во светот. Остро ги осудуваме случувањата во Ерменија

Неприфатлив е повикот за оставка на владата која на власт дојде со избори. Со земјите во регионот зборуваме за тоа што можеме да направиме. Обидите и иницијативите за пуч се чекори што ја нарушуваат стабилноста на земјата. Овој став на Турција е принципиелен став, ние сме против пучот“.

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин исто така рече дека го осудуваат обидот за државен удар во Ерменија.

Калин, во објавата на својот профил на социјалните мрежи рече:

„Ударите секогаш ги прекинуваа демократските процеси и предизвикуваа хаос. Се надеваме дека процесот во Ерменија бргу ќе се врати во нормала“.

Портпаролот на Партијата за правда и развој Омер Челик, во објавата на својот Твитер профил истакна:

„Како и секогаш, ние сме против сите обиди за државен удар. Не сакаме да се зголемуваат дестабилизирачките настани во нашиот регион. Обидот за воен удар во Ерменија може да предизвика последици кои ќе резултираат со регионална нестабилност“.

Оник Гаспаријан, началникот на Генералштабот на Ерменија и високи команданти објавија декларација во која го повикуваат премиерот Никол Пашинијан да поднесе оставка. Пашинјан пак рече дека во земјата има обид за државен удар и најави дека го разреши началникот на Генералштабот Гаспаријан.



Слични вести