Одржан состанок на министрите за енергетика на земјите членки на Турскиот совет
Подвлечена спремноста на Турција за споделување на големото искуство во областа на обновливата енергија со програмите за обука со земјите-членки


Министрите за енергетика на Советот за соработка на земјите кои говорат на турски јазик (Турски совет) одлучија да ја зголемат соработката во областа на енергетиката.
1-от состанок на министрите за енергетика на Турскиот совет се одржа во живо преку видео конференциска врска преку интернет. Во писменото соопштение што беше објавено по 1-от состанок беше поддржана иницијативата на Турција за формирање на под-работни групи за решавање на прашањето во агендата на состанокот.
Во соопштението, во кое беше посочено на важноста на финансиите во областа на енергетиката, беше наведено дека се разговарало за идејата за организирање работилници со меѓународните финансиски институции.
На состанокот беше подвлечена спремноста на Турција за споделување на големото искуство во областа на обновливата енергија со програмите за обука со земјите-членки.
Во соопштението беше забележано дека страните се подготвени да ја зголемат соработката во нафтената и гасната индустрија, а исто така беше предложено да се оствари детална студија за воспоставување механизам за дистрибуција на петро-хемиските производи на Казахстан.
Во соопштението во кое беше наведено дека Казахстан принципиелно се согласи да биде домаќин на вториот состанок во 2022 година, беше истакнато дека страните донеле одлука за зголемување на соработката во областа на енергетиката.
На состанокот присуствуваа генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев, министерот за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез, министерот за енергетика на Азербејџан Первиз Шахбазов, министерот за енергетика на Казахстан Нурлан Ногајев, заменик министерот за енергетика и индустрија на Киргистан Вероника Исајева, Советник на Министерството за енергетика на Узбекистан, Азиз Алимухамедов, амбасадорот на Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, одговорен за енергетика и климатски работи Дора Зомбори.