Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 73 лица, регистрирани се 9.572 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 73 лица, направени се 126.527 тестирања од кои се регистрирани 658 новозаболени, додека дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 9.572 лица

1590884
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 73 лица, регистрирани се 9.572 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа се регистрирани 73 смртни случаи.

Бројот на починатите од почетокот на епидемијата досега достигна вкупно 28.358 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 126.527 тестирања од кои се дијагностицирани 658 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 9.572 лица.

Заврши лекувањето на уште 6.210 лица, со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2 милиони 546 илјади 503 лица.

Од друга страна, министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава по одржаниот состанок со Научниот совет рече: „Веќе поминуваме кон период кој им дава приоритет за влијанијата на глобалната епидемија на социјалниот живот и нормализацијата; период на донесување на локални одлуки (на лице место).“

Министерот Коџа го додаде и следното: „Во вакцинацијата стигнавме до ниво од приближно 8 милиони лица од кои приближно 1,5 милиони со втора доза. Стигнавме до крајот на првата фаза од планот за вакцинација.“

 



Слични вести