Во Турција започна вакцинацијата на учителите: Првата вакцина ја прими и министерот за национално образование Зија Селчук
Процесот на вакцинација со првата доза вакцина на учителите и наставниците во Турција започна денеска во основното училиште „Арифегазили“ во градот Чорум кадешто се вакцинираше и министерот за национално образование Зија Селчук

Во Турција започна вакцинацијата и на учителите.
Процесот на вакцинација со првата доза вакцина на учителите и наставниците започна денеска во основното училиште „Арифегазили“ во градот Чорум.
Во училиштето првата доза вакцина ја прими и министерот за национално образование Зија Селчук.
Инаку, министерот Селчук претходно соопшти дека пред 1 март кога ќе започне образованието лице в лице на последната недела на февруари ќе почнат да се вакцинираат учителите и наставниците.
Министерот за национално образование Зија Селчук информира дека учителите можат да се вакцинираат во здравствените установи.
Учителите кои предаваат настава лице в лице се наоѓаа меѓу приоритетните групи на списокот за вакцинација во Турција.
Слични вести

Министерот за здравство Фахреттин Коџа: Во Турција не е евидентиран вирусот мајмунски сипаници
Министерот за здравство Фахреттин Коџа: „Во Турција не е евидентиран вирусот мајмунски сипаници“