Во Халкидики во Грција за време на градежни активности пронајдени остатоци од османлиски гробишта

Амбасадорот на Грција во Анкара во врска со случајот е повикан во Министерството за надворешни работи, а воедно е покрената иницијатива од страна на Амбасадата на Турција во Атина кај грчкото Министерство за надворешни работи

1589721
Во Халкидики во Грција за време на градежни активности пронајдени остатоци од османлиски гробишта

За време на градежните работи за изградба на спортска сала во дворот на едно училиште во селото Гаргара (Симандра) во областа Халкидики во Грција се пронајдени остатоци муслимански гробишта од османлискиот период.

Како што се истакнува амбасадорот на Грција во Анкара во врска со случајот е повикан во Министерството за надворешни работи и дека воедно е покрената иницијатива од страна на Амбасадата на Турција во Атина кај грчкото Министерство за надворешни работи. 

Во објавеното соопштение од турското Министерство за надворешни работи се вели дека по објавените вести во печатот во однос на тоа дека за време на градежните работи за изградба на спортска сала се пронајдени муслимански гробишта од османлискиот период, од страна на Генералниот конзулат на Турција во Солун веднаш е посетено селото, покренета е иницијатива кај грчките власти и е побарана информации во врска со случајот.

Во соопштението стои следното: „Како резултат на овие наши иницијативи, е дознаено дека на местото на градежните работи за коешто станува збор се пронајдени 201 гроб, но без да се извести нашата земја е дознаено дека посмртните остатоци од страна на локалните власти се чуваат во областа Халкидики во магацинот на Одделот за стари предмети Ајнароз. По овие обезбедени информации, амбасадорот на Грција во Анкара денеска е повикан во нашето Министерство и од страна на нашиот амбасадор во Атина е покрената иницијатива кај грчкото Министерство за надворшени работи. При овие иницијативи е побарано појаснување во врска со тоа што претходно не информирана нашата земја во врска со пронајдените гробишта, а исто така е побарано посмртните останки коишто се чуваат да бидат погребани во месноста во којашто се пронајдени со погребна церемонија во согласност со нашите верувања и да се означи дека местото на коешто ќе бидат закопани се муслимански гробишта.“

 



Слични вести