Турските војници им ја подадоа својата рака за помош на 26 мигранти кои беа пред замрзнување
Турските војници на турско-грчката граница во близина на населеното место Узунќопру кај градот Едирне спасија 26 нерегуларни мигранти кои беа пред замрзнување и чекаа на едно парче копно на реката Марица (Мерич)

Турските војници им ја подадоа својата рака за помош на 26 нерегуларни мигранти кои беа турнати (присилно вратени) назад од страна на Грција и беа пред замрзнување чекајќи помош на едно мало парче копно на реката Марица (Мерич) на турско-грчката граница.
Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, во областа под одговорност на пограничната станица Рахманџа на реката Марица (Мерич) во близина на населението место Узунќопру кај градот Едирне, беа утврдени 26 нерегуларни мигранти пред замрзнување.
Мигрантите беа спасени од страна на турските војници во координација со Претседателството на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) и и беа предадени на Командата на жандармериската станица во населеното место Мерич.