Трилатерален состанок на шефовите на дипломатиите на Турција, Азербејџан и Туркменистан во Анкара

По состанокот, тројцата министри за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, Рашид Мередов и Џејхун Бајрамов, во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, одржаа заедничка прес-конференција

1589406
Трилатерален состанок на шефовите на дипломатиите на Турција, Азербејџан и Туркменистан во Анкара
Çavuşoğlu  Bayramov Meredov Üçlü Toplantı Basın Açıklaması.jpg
Türkiye Türkmenistan Azerbaycan3.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу заедно со министерот за надворешни работи на Туркменистан Рашид Мередов и министерот за надворешни работи на Азербејџан Џејхун Бајрамов, вчера во Анкара се состанаа на петтиот трилатерален состанок  на шефовите на дипломатии на Турција, Азербејџан и Туркменистан.

По состанокот, тројцата министри за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, Рашид Мередов и Џејхун Бајрамов, во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара одржаа заедничка прес-конференција.

Овде, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека односите меѓу Турција, Азербејџан и Туркменистан коишто се изградени над специјални врски, денеска се претворени во сеопфатно партнерство.

Чавушоглу рече: „Нашите односи коишто ги изградивме над специјални врски денеска се претворени во сеопфатно партнерство. Овој наш трилатерален механизам којшто го започнавме во 2014 година, имаше многу значаен придонес за просперитетот и стабилноста на регионот.“

Велејќи дека прашањата на регионалната поврзаност, транспортот и енергијата се најдоа на најгорните точки на дневниот ред на состанокот, Чавушоглу истакна дека во склопот на разговорите се стекнаа со можност да разгледат и бројни регионални и глобални прашања како што се борбата против тероризмот, случувањата во Авганистан и антиисламизмот (исламофобијата).

Министерот Чавушоглу го подвлече и тоа дека посакуваат да работат одблиску со Азербејџан и Туркменистан во рамките на иницијативата на Турција „Повторно Азија“ којашто ја прогласи во 2019 година.

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов пак, рече дека нафтеното и гасното лежиште во Каспиското Море со коешто ќе стопанисуваат заедно Азербејџан и Туркменистан на кое му е дадено името „Пријателство“, ќе обезбеди позитивен придонес за енергетската безбедност на Турција и на другите европски земји.

Во објавената заедничка декларација којашто беше потпишана по петтиот трилатерален состанок меѓу Турција, Азербејџан и Туркменистан, се подвлекува визијата за сеопфатен мир, стабилност и создавање на простор на заедничка благосостојба.

Во декларацијата воедно освен законската потпора за економско партнерство меѓу трите земји, се изнесува и значењето од зајакнување на трилатералната економска соработка.

Во декларацијата се подвлекува значењето на партнерството меѓу страните во полето на енергијата и уште еднаш се потврдува поддршката на енергетските проекти со коишто се има за цел да се испорачуваат поголема количина на природен гас од Азербејџан и енергетски извори од Туркменистан во Турција и оттука до Европа.

Страните ја нагласија потребата од уште повеќе развивање на соработката во сферите на образованието, науката, културата и во другите сфери на хуманитарна помош, како заедничко наследство на трите земји, Турција, Азербејџан и Туркменистан.
 



Слични вести