Реакција од Ибрахим Калин на изјавите на портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано

Калин напиша: „Дури и само еднаш би можеле да бидете загрижени во врска со терористичката организација ПКК која се наоѓа на списокот на Европската унија (ЕУ) која брутално погуби 13 лица во Гара. Или дали тоа би ви причинило проблем сосо лобито на ПКК?“

1589485
Реакција од Ибрахим Калин на изјавите на портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин покажа реакција против изјавите на портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано во однос на тоа дека Турција „треба да покажува почит кон човековите права, владеењето на правото и слободите.“

Калин на овие изјави Стано одговори на својот профил на социјалната мрежа Твитер кадешто на англиски го напиша следното: „Дури и само еднаш би можеле да бидете загрижени во врска со терористичката организација ПКК која се наоѓа на списокот на Европската унија (ЕУ) која брутално погуби 13 лица во Гара. Или дали тоа би ви причинило проблем со лобито на ПКК?.“

Инаку, портпаролот на Европската комисија (ЕК) Петер Стано даде изјави во однос на тоа дека се загрижени од како што рече „растечкиот притисок“ кон пратениците на Демократската партија на народите (ХДП) и дека Турција „треба да покажува почит кон човековите права, владеењето на правото и слободите.“

 



Слични вести