Хами Аксој информираше за комеморацијата за сеќавање на еврејските бегалци на бродот „Струма“

Хами Аксој информираше во врска со сеќавањето за 768 лица, еврејски бегалци кои ги загубија животите при потопување на бродот Струма кој беше торпедиран од страна на една советска подморница на 24 февруари 1942 година во Црното Море

1590053
Хами Аксој информираше за комеморацијата за сеќавање на еврејските бегалци на бродот „Струма“

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој истакна дека со почит се сеќаваат на загинатите на бродот „Струма“ кој за време на Втората светска војна ги превезуваше еврејските  бегалци кои се обидуваа да избегаат од зулумот на Нацистите.

Аксој, одговори писмено на едно поставено прашање во врска со сеќавањето за 768 лица кои ги загубија животите при потопување на бродот „Струма“ кој беше торпедиран од страна на една советска подморница на 24 февруари 1942 година во Црното Море, а на кој се наоѓаа еврејски бегалци кои за време на Втората светска војна бегаа од зулумот на Нацистите и нивните соработници. 

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој во објавеното писмено соопштение во врска со овој жалосен настан го напиша следното: „Во знак на сеќавање на овој жалосен настан од 2015 година наваму на 24 февруари секоја година од страна на Губернијата на Истанбул и со придонесите на Турската еврејска заедница, се одржува комеморација во Сарајбурну. Денеска со комеморацијата што се одржа во Сарајбурну со почит се сеќаваме на загинатите на бродот 'Струма' пред 79 години кои се обидуваа да избегаат од холокаустот.“

 



Слични вести