Јавуз Селим Киран: Турција не ја признава и нема да ја признае незаконската анексија на Крим

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран говореше на настанот на тема Крим што се одржа на 46. седница на Советот за човекови права на ОН, кадешто истакна дека Турција не ја признава и нема да ја признае незаконската анексија на Крим

1589411
Јавуз Селим Киран: Турција не ја признава и нема да ја признае незаконската анексија на Крим

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран говореше на состанокот на тема „Крим“ што се одржа на 46. седница на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН).

Киран рече: „Примарна задача на Обединетите нации (ОН) е да ги одбранат меѓународниот мир и стабилноста. За жал, ОН во бројни глобални прашања не можат да ја исполнат оваа нивна задача. Незаконската анексија на Крим претставува пример за тоа. Турција не ја признава и нема да ја признае оваа незаконска анексија (на Крим).“

Нагласувајќи дека треба да се почитуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и политичкото единство на Украина, Јавуз Селим Киран рече: „Тоа за нас е прашање на принцип. Затоа сме коиницијатори на иницијативите во врска со Крим во меѓународните организации, вклучувајќи ги и Обединетите нации (ОН).“

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран, изнесувајќи ја поддршката на Турција на желбата на татарскиот народ за живот во слобода и безбедност во неговата историска татковина го рече следното: „Имаме повеќе од 3 милиони наши граѓани од татарско потекло. Затоа, одбраната на правата на кримските Татари е од крајно значење за нас.“

Киран напомена дека Татарите во текот на историјата трпеа многу болки и дека нивното насилно прогонување од татковината е едната од најголемите трагедии на 20. век, а воедно појасни дека поддршката на татарскиот народ и отфрлањето на незаконската анексија претставува, ѝ правна, ѝ етичка одговорност.

Јавуз Селим така констатира дека сите заедници на Крим го заслужуваат мирот, просперитетот и слободата.

Инаку, Русија на 1 март 2014 година незаконски ја анектира Автономната Република Крим која се наоѓаше во составот на Украина.

 



Слични вести