Ердоган: Борбата на Турција против тероризмот е нејзино легитимно право и нејзина хумана должност

Претседателот Ердоган истакна дека операциите коишто ги спроведува Турција во борбата против тероризмот се, ѝ нејзино легитимно право, ѝ нејзина хумана должност

1589870
Ердоган: Борбата на Турција против тероризмот е нејзино легитимно право и нејзина хумана должност
Cumhurbaşkanı Recep Tayyip Erdoğan TBMM Grup Toplantısı.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) говореше пред Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Претседателот Ердоган истакна дека операциите коишто ги спроведува Турција во борбата против тероризмот се, ѝ нејзино легитимно право, ѝ нејзина хумана должност.

Велејќи дека одлучноста на Турција во борбата против тероризмот ги вознемирува некои земји, Ердоган рече: „Повторувам уште еднаш. Овие операции се, ѝ наше легитимно право, ѝ наша хумана должност. Наша задача е ако затреба да се спуштиме до изворот на тероризмот и таму да го исчистиме.“

„Што и да прават не ќе можат да го расипат заедништвото на нашиот народ. Не ќе можат да ги изгаснат нашата независност и нашата иднина. Не ќе можат да ја распарчат нашата татковина која ја сметаме подрагоцена од нашите животи.“ - порача претседателот Ердоган.

Велејќи дека ја следат одблизу (со внимателност) и епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто ги промени рамнотежите во целиот свет, Ердоган рече: „Вирусот којшто ја зафати и нашата земја стана причина за инфектирање од Ковид-19 на повеќе од 2 милиони наши граѓани. Со мерките коишто ги презедовме постигнавме сериозен успех во точката на пребродување на ова со најмала штета и станавме една од неколкуте земји кои 2020 година ја затворија со раст.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и следното: „Моментално Западот го зема за пример здравствениот систем на Турција.“

 



Слични вести