Турција остро го осуди нападот во Демократска Република Конго

Веста за смртта на амбасадорот на Италија во Киншаса, Лука Атанасио, неговиот телохранител и возачот кои починаа во нападот на конвојот на ОН во градот Гома, источен Конго, беше примеа со длабока тага и жалење

1588685
Турција остро го осуди нападот во Демократска Република Конго

 

Турција остро го осуди нападот врз конвојот на Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) на источната страна на Демократска Република Конго (ДРК) и објави порака со сочувство за оние кои ги загубија своите животи во нападот.

Во писменото соопштение кое беше објавено од Министерството за надворешни работи (МНР) беше истакнато дека веста за смртта на амбасадорот на Италија во Киншаса, Лука Атанасио, неговиот телохранител и возачот кои починаа во нападот на конвојот на ОН во градот Гома, источен Конго, беше примеа со длабока тага и жалење.

Во соопштението беше наведено:

„Силно го осудуваме овој грозоморен напад. Ја споделуваме болката и тагата на пријателскиот италијански народ и владата и им изразуваме искрено сочувство на семејствата и роднините на оние што ги загубија своите животи“.

Вчера околу 10:00 часот по локално време, на патот меѓу градовите Гома и Букаву на источната страна на ДРК, група терористи кои користеа лесно оружје извршија напад на конвојот што припаѓаше на Светската програма за храна на ОН.

Во инцидентот, починаа 43-годишниот Лука Атанасио, италијански амбасадор во ДРК кој на должност се наоѓа од 2017 година, безбедносното лице Виторио Јаковачи и возачот на Светската програма за храна на ОН (ВФП).



Слични вести