Остри критики од Ердоган на ставот на ЕУ кон бегалците и САД кон тероризмот

Човештвото потфрли не само во Средоземното море, туку и во Егејското море и реката Мерич

1588654
Остри критики од Ердоган на ставот на ЕУ кон бегалците и САД кон тероризмот

Претседателот Реџеп Таjип Ердоган рече: „Оние кои неколкуте стотици бегалци што ги прифатија, ги користат како рекламен материјал, не преземаат одговорност за оваа криза во врска со човечкиот живот“.

Претседателот Ердоган одржа говор на меѓународната конференција на Универзитетот 9-ти септември насловена како „Миграција: Проекција на следните дваесет години и пошироко“.

Ердоган во говорот во оваа прилика рече: "Бројот на имигрантите ширум светот достигна 272 милиони, бројот на раселените лица достигна 80 милиони, а бројот на бегалците се приближи на 26 милиони. Со други зборови, 3 отсто од светската популација живее како имигранти“.

Европската унија (ЕУ), за 100 илјади бегалци на Грција и додели поддршка од 3 милијарди евра, додека на Турција која што прими 4 милиони бегалци не ја стави раката под камен, рече Ердоган потенцирајќи:

Додека овие земји имаат многу поголеми материјални можности од нас, мигрантите ги осудија на живеат во бегалски кампови, ни со овие луѓе, го споделивме нашиот леб“.

Во врска со бегалците Ердоган рече: „Човештвото потфрли не само во Средоземното море, туку и во Егејското море и реката Мерич.

Оние кои неколкуте стотици бегалци што ги прифатија, ги користат како рекламен материјал, не преземаат одговорност за оваа криза во врска со човечкиот живот“.

Изјавувајќи дека Соединетите Американски Држави (САД) немаат проблем да ги заштитат бегалците и се уште се со тероризмот и терористи, Ердоган рече:

„Исто како што уништивме  терористичките гнезда без да гледаме никого, нема да се двоумиме да преземеме конкретни чекори против тероризмот во другите региони во случај да продолжат нападите.

Сè додека пријателите го остваруваат своето пријателство, ние ќе ги отвораме нашите срца. Но, ако тие не го сторат тоа, ние ќе го направиме тоа што го направивме досега“.



Слични вести