Мевлут Чавушоглу се состана со својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во споделената објава на својот профил на Твитер истакна дека со својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов разговараа за можностите за соработка и последните случувања во Нагорно Карабах

1589395
Мевлут Чавушоглу се состана со својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов кој престојува во Анкара за 5. трилатерален состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Азербејџан и Туркменистан.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека со својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов разговараа за можностите за соработка и последните случувања во Нагорно Карабах.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својата објава го напиша следното: „Ќе продолжи нашата поддршка на повторната изградба и развојот на ослободените територии. Наскоро ќе го започнеме патувањето со лични карти.“



Слични вести