Јавуз Селим Киран: Некои земји отворено го прекршуваат принципот на „невраќање назад“ на бегалците

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран истакна дека отворено се прекршува принципот на „невраќање назад“ (нетуркање назад) едниот од најосновните принципи на меѓународното право за бегалци

1589157
Јавуз Селим Киран: Некои земји отворено го прекршуваат принципот на „невраќање назад“ на бегалците

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран говореше на програмата „Трговијата со луѓе и правото за бегалци“ кадешто истакна дека денеска во светот има над 280 милиони мигранти (бегалци), приближно 46 милиони раселени лица и приближно мигранти.

Јавуз Селим Киран рече дека некои земји не се воздржуваат од прекршување на фундаменталните принципи на меѓународното право и напомена дека отворено се прекршува принципот на „невраќање назад“ (нетуркање назад) едниот од најосновните принципи на меѓународното право за бегалци.

Појаснувајќи дека милиони луѓе поради војна, глад и сиромаштија се приморани да ги напуштат своите земји, Киран привлече внимание дека Турција е земја која е домаќин на најголем број бегалци во светот и дека во земјата живеат вкупно околу 4 милиони бегалци од кои 3,6 милиони Сиријци. 

Заменик министерот за надворешни работи Јавуз Селим Киран воедно привлече внимание дека хуманитарната (човечката) криза во Сирија е глобално прашање и го рече следното: „Соседните земји не можат да бидат оставени сами да го преземат (сносат) целиот товар на оваа криза. Од тој аспект, во секоја прилика го повторуваме нашиот повик до меѓународната заедница за праведно споделување на товарот. За жал не би можеле да го кажеме тоа дека до денеска е одговорено доволно на овие наши повици.“

Велејќи дека некои земји не се воздржуваат од прекршување на фундаменталните принципи на меѓународното право и дека отворено се прекршува принципот на „невраќање назад“ (нетуркање назад), едниот од најосновните принципи на меѓународното право за бегалци, Јавуз Селим Киран го подвлече следното: „Во последните три години повеќе од 80 илјади мигранти се турнати назад (присилно вратени) во нашата земја. Снимките и сите документи во врска со овие туркања назад (присилно враќања назад) ги споделивме и ќе продолжиме да ги споделуваме, ѝ со меѓународните организации ѝ со Европската унија (ЕУ). Сите ние сме обврзани да се придржуваме кон меѓународното право и договорите за фундаменталните човекови права.“

 



Слични вести