Грчки воени авиони „вознемирија“ турски брод кој врши научно-технички истражувања во Егејското Море

Четири воени авиони Ф-16 на грчките воздухопловни сили го вознемирија турскиот брод „ТЏГ Чешме“ (TCG Çeşme) кој врши научно-технички истражувања во областа на хидрографијата во меѓународните води во северниот дел на Егејското Море

1589347
Грчки воени авиони „вознемирија“ турски брод кој врши научно-технички истражувања во Егејското Море

Воени авиони на грчките воздухопловни сили го вознемирија бродот „ТЏГ Чешме“ (TCG Çeşme) кој врши научни истражувања во областа на хидрографијата во меѓународните води во северниот дел на Егејското Море.

Четири воени авиони Ф-16 на грчките воздухопловни сили му се доближија на турскиот брод „ТЏГ Чешме“ (TCG Çeşme) западно од островот Лимни и притоа едниот од воените авиони на оддалеченост од 2 морски милји истрелувајќи „сигнална ракета“, го вознемири бродот.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во дадената изјава во врска со случајот истакна дека им е даден потребниот одговор на грчките воени авиони кои го вознемирија бродот „ТЏГ Чешме“ (TCG Çeşme) кој инаку врши научно-технички истражувања во областа на хидрографијата, во меѓународните води во северниот дел на Егејското Море.

Акар рече: „Тоа е едниот од вознемирувачките активности коишто за жал нашите грчки соседи ги прават често. Тоа се случи вчера. И ние си имаме наши свои правила и е даден потребниот одговор во рамките на тие правила.“

Велејќи „ Како што велиме секогаш ние сме на страната на дијалог, на страната на добрососедски односи, сме на страната на придржување кон меѓународното право“, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го додаде следното: „Меѓутоа, за жал повремено доаѓа до активности од тој вид. Нашиот став, нашата одлука, работите коишто ќе ги направиме ние по ова прашање, се јасни. Никој да нема сомневање, никој да не се грижи за тоа.“

 



Слични вести