Утре ќе се одржи 5. состанок на шефовите на дипломатиите на Турција, Азербејџан и Туркменистан

Утре во Турција ќе се одржи 5. трилатерален состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Азербејџан и Туркменистан

1588134
Утре ќе се одржи 5. состанок на шефовите на дипломатиите на Турција, Азербејџан и Туркменистан

Петтиот трилатерален состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Азербејџан, Туркменистан ќе се одржи утре во Турција.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворшени работи се истакнува дека потпретседателот на министерскиот совет и министер за надворешни работи на Туркменистан Рашид Мередов утре ќе допатува во посета на Турција.

Во соопштението се вели дека за време на посетата се планира да бидат разменети мислења во однос на билатералните односи помеѓу Туркменистан и Турција и регионални прашања, а воедно се предвидува Рашид Мередов да биде примен и кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

Во соопштението се додава дека по повод оваа посета со учество и на азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов ќе се одржи и 5. трилатерален состанок на министрите за надворешни работи на Турција, Азербејџан и Туркменистан, а освен тоа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе оствари и билатерална средба со својот азеребјџански колега Бајрамов.

На сиве овие разговори ќе бидат разгледани случувањата во однос на односите меѓу трите земји и регионални прашања, а воедно во двоен и троен формат ќе се разговара и за чекорите коишто би можеле да се фрлат за уште повеќе развивање на соработката.



Слични вести