Претседателот Ердоган: Во урбаната трансформација до денеска е завршена изградбата на 1,5 милиони станови

Претседателот Ердоган истакна дека во урбаната трансформација до денеска во 81 округ (град), во сите 922 населени места, е завршена изградбата на 1,5 милиони станови

1588522
Претседателот Ердоган: Во урбаната трансформација до денеска е завршена изградбата на 1,5 милиони станови
erdogan.jpg
erdogan-ayda bebek.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска говореше на церемонијата на свечено поставување на камен темелникот на становите за оштетените во земјотресот во Бајракли и свечено отворање на стадионот Ѓозтепе во градот Измир.

Претседателот Ердоган истакна дека во урбаната трансформација до денеска во 81 округ (град), во сите 922 населени места, е завршена изградбата на 1,5 милиони станови.

Ердоган рече: „По 10 месеци од земјотресот во Измир заклучно со август 2021 година ќе почнеме со предавање на становите. Во вид на етапи ќе предадеме 5 илјади станови. Становите коишто ќе ги изградиме на резервираниот простор во Бајракли ќе ги употребиме и како станови за урбана трансформација на залихи од коишто има потреба Измир. Во последните 8 години од приближно 20 илјади згради коишто се утврдени како ризични градби во Измир, го реализиравме рушењето на приближно 18 илјади згради.“

Од друга страна, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган се сретнаа и со блиските на бебето Ајда кое беше извлечено живо од рушевините на срушената зграда во земјотресот во Измир.

Госпоѓа Емине Ердоган ја милуваше и ја бакна во рацете малечката Ајда.

Претседателот Ердоган и неговата сопруга Емине Ердоган им подарија играчки на малечката Ајда и на нејзиниот батко.

 



Слични вести