Претседателот Ердоган уште еднаш ја нагласи одлучноста во борбата против тероризмот

Ердоган рече: „Ние сме во Џуди, ние сме во Габар, ние сме во Тендурек, ние сме во реката Беслер. Онаму, во која дупка има терорист, таму сме и ние. Терористите кои се споменуваа со десетици илјади сега се споменуваат со стотици.“

1588433
Претседателот Ердоган уште еднаш ја нагласи одлучноста во борбата против тероризмот

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска говореше на 7. редовен Конгрес на својата владејачка Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) во градот Измир.

Претседателот Ердоган, во врска со борбата против тероризмот го рече следното: „Онаму, во која дупка има терорист, таму сме и ние.“

Велејќи „Оние кои видоа дека не можат да ја окупираат оваа честита татковина со нивните армии, ставија во акција нови инструменти“, Ердоган продолжи со следните зборови: „Теророт е најкрвавиот од овие инструменти, најсуровиот. Хаќќари е едниот на нашите градови кои ја имаат најмногу трпено болката на тероризмот. Во Измир живеат голем број наши граѓани кои поради терористичките напади се иселиле од источните и југоисточните области на Анадолија. Најдобро тие го знаат неморалното и бескрупулозно лице на терористичката организација ПКК.“

„Ние сме во Џуди, ние сме во Габар, ние сме во Тендурек, ние сме во реката Беслер. Онаму, во која дупка има терорист, таму сме и ние. Тие места ги доведовме во гробиште за нив. Терористите кои се споменуваа со десетици илјади сега се споменуваат со стотици.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести