Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со либискиот министер за внатрешни работи Башага
Според добиени информации од дипломатски извори, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу му посака добро на либискиот министер за внатрешни работи Фетхи Башага поради извршениот напад на неговиот конвој

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со либискиот министер за внатрешни работи Фетхи Башага.
Според добиени информации од дипломатски извори, Мевлут Чавушоглу му посака добро на Фетхи Башага поради извршениот напад на неговиот конвој.
Министерството за внатрешни работи на Либија соопшти дека вчера врз конвојот министерот Фетхи Башага на пат кон неговата резиденција во областа Џанзур во западниот дел на главниот град Триполи беше отворен оган со митралези од пикап возило науружано со тешко оружје и дека притоа министерот Башага успеа да се спаси од нападот без да здобие повреди.
Во меѓувреме, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор и со својот узбечки колега, министерот за надворешни работи Абдулазиз Ќамилов.
Слични вести
