Заврши заедничката турско-пакистанска воена вежба „Ататурк 2021“

Заврши заедничката турско-пакистанска воена вежба „Ататурк 2021“ на која учествууваа команоските и специјалните сили на двете земји, а кои се одржуваат наизменично од 1998 година

1587558
Заврши заедничката турско-пакистанска воена вежба „Ататурк 2021“

Заврши воената вежба „Ататурк 2021“ којашто ја реализираа заедно турските и пакистанските вооружени сили.

Според објавеното соопштение од страна на пакистанската армија, церемонијата на затворањето на воената вежба се одржа во штабот на специјалните сили на пакистанската армија во областа Тарбела во провинцијата Хајбер-Пахтунва на границата со Авганистан.

На церемонијата учествуваа генерал-потполковник Сјед Мухамед Аднан од пакистанската армија и генерал-мајор Емре Тајанч од Турските вооружени сили (ТВС).

На тринеделната воена вежба на која учествуваа елитни единици на армиите на Турција и Пакистан беа применувани вежби за борба против тероризмот, блиско војување, обрач и пребарување, спуштање со јаже, техники на стрелање и движење, спуштање со јаже од хеликоптер, спасување на заложници и слободно паѓање.

Заедничката воена вежба на турско-пакистанските командоски и специјални сили од 1998 година се реализираат наизменично помеѓу двете земји.

Оваа заедничка воена вежба кога се реализира во Турција се нарекува "Воена вежба Џиннах", а кога се реализира во Пакистан се нарекува "Воена вежба Ататурк".



Слични вести