Турската национална пешадиска пушка „MPT-76MH“ со направените промени стана полесна и поефикасна
Министерството за национална одбрана соопшти дека националната пешадиска пушка „MPT-76MH“ (МПТ-76) со направените промени е доведена во полесна и поефикасна состојба за турската војска Мехметчик

Министерството за национална одбрана соопшти дека националната пешадиска пушка „MPT-76MH“ (МПТ-76) која се произведува од страна на Институцијата за машинско-хемиска индустрија (МКЕ) со направените промени е доведена во полесна и поефикасна состојба за турската војска Мехметчик.
Во споделената објава на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Со 'MPT-76MH' (МПТ-76) која се произведува со 100 посто домашни и национални можности од страна на Институцијата за машинско-хемиска индустрија (МКЕ) во склопот на нашето Министерство и која е доведена во полесна состојба, нашите војници Мехметчик ќе бидат посилни во борбата против тероризмот.“
Во споделената објава е додадено и видео од моментот на производство и тест-истрелите како и употребата на националната пешадиска пушка „MPT-76MH“ (МПТ-76) од страна на турската војска Мехметчик.
Слични вести

Министерот за здравство Фахреттин Коџа: Во Турција не е евидентиран вирусот мајмунски сипаници
Министерот за здравство Фахреттин Коџа: „Во Турција не е евидентиран вирусот мајмунски сипаници“