Претседателот Ердоган разговараше телефонски со иранскиот претседател Рухани

Во телефонскиот разговор беа разгледани чекорите со коишто ќе биде развиена соработката помеѓу Турција и Иран во економијата, транспортот, безбедноста и другите сфери, како и регионални случувања

1587821
Претседателот Ердоган разговараше телефонски со иранскиот претседател Рухани

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рухани.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани чекорите со коишто ќе биде развиена соработката помеѓу Турција и Иран во економијата, транспортот, безбедноста и другите сфери, како и регионални случувања.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор истакна дека ја зачувуваат волјата за зајакнување на турско-иранските односи.

Велејќи дека посакуваат новата американска управа да се откаже од едностраните санкции против Иран и да ги укине неправедните препреки пред просперитетот на иранскиот народ, претседателот Ердоган рече дека изјавите коишто се даваат во врска со прашањето во последните неколку дена станаа повод за отворање на прозорецот на една нова можност.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган подвлече дека постигнувањето согласност меѓу страните за повторно профункционирање на Заедничкиот сеопфатен акционен план е најразумниот начин на дејствување и дека она што е значајно и покрај сите тешкотии да се држи отворена вратата за дијалог.

 



Слични вести