Алтун: Не ги заборавивме и нема да ги заборавиме масакрите на ПКК, убиецот на бебиња

Шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил на Твитер напиша: „Не ги заборавиме и нема да ги заборавиме масакрите на ПКК, убиецот на бебиња“

1587774
Алтун: Не ги заборавивме и нема да ги заборавиме масакрите на ПКК, убиецот на бебиња

Шефот на одделот за комуникации во претседателството Фахреттин Алтун на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели видео во врска со цивилните масакри на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. 

Алтун во споделената објава напиша: „И покрај тоа што некои го изоставуваат тоа од вид, не ги заборавивме и нема да ги заборавиме масакрите на ПКК, убиецот на бебиња.“

Во видеото стои предупредувањето „Ова видео може да ги вознемири оние кои извикуваат слогани за 'слобода за водачот на терористичката организација', оние кои ги изоставуваат од вид политичките продолжетоци на ПКК, оние кои не го изговараат името на кукавичката терористичка организација, поддржуваите на тероризмот чија совест е закоравена.“

Во видеото заземаат место фотографии на масакрираните цивили од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во споделеното видео воедно му се одделува место и на говорот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган што го одржа во градот Ризе кадешто го вели следното: „Крволочната тероритичка организација ПКК од 1984 година продолжува да ги масакрира цивилите без да прави разлика меѓу бебиња, деца, жени, млади, стари. И покрај тоа што некои го изоставуваат тоа од вид, не ги заборавивме и нема да ги заборавиме масакрите на ПКК, убиецот на бебиња.“

 



Слични вести