Во близина на Дикили кај Измир спасени 36 турнати мигранти

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на населеното место Дикили кај Измир спасија од морето 36 мигранти кои од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (насилно вратени) кон турските територијални води

1587183
Во близина на Дикили кај Измир спасени 36 турнати мигранти

Во водите на Егејското Море во близина на населеното место Дикили кај градот Измир се спасени 36 мигранти качени на гумен чамец кои од страна на елементите на Грција беа турнати (насилно вратени назад) кон турските територијални води.

По добиени информации дека во близина на населеното место Дикили се наоѓаат група мигранти качени на гумен чамец, во наведената област беше испратен чамец на Командата на турската крајбрежна стража.

Притоа беа спасени 36 мигранти качени на чамец за кои е утврдено дека од страна на елементите на грчката крајбрежна стража биле турнати (насилно вратени назад) кон турските територијални води. 

Спасените 36 мигранти беа извадени на копно и по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на управата за миграција на Измир.

 



Слични вести