Со операциите „Ерен“ и се нанесува тежок удар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Министерството за внатрешни работи соопшти дека со антитерористичките операции „Ерен“ коишто се реализираат во 10 одделни подрачја и се нанесува тежок на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1587295
Со операциите „Ерен“ и се нанесува тежок удар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамките на антитерористичките операции „Ерен“ коишто се реализираат во 10 одделни подрачја се уништени и срамнети со земја областите на зимско сместување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и е нанесен тежок удар врз логистичкото структурирање на организацијата.

Според објавеното писмено соопштение од Министерството, успешно продолжуваат операциите „Ерен“ коишто се започнати во спомен и сеќавање на 15 годишното момче Ерен Булбул кое на 11 август 2017 година во руралното подрачје на населеното место Мачка кај градот Трабзон, беше убиено од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението се истакнува дека во операциите „Ерен“ во кои учествуваат тимови на безбедносните сили составени од специјални жандармериски сили (JÖH), жандармериски командоси, специјални олициски сили (PÖH) и безбедносни чувари, е нанесен тежок удар на зимското сместување на терористичката организација.

Во операциите во кои се уништени 285 пештери, засолништа и складишта, а воедно се запленети и различни видови оружје и тоа една пламналка, 4 митралези, 4 снајперски пушки, 22 пешадиски пушки, 5 пиштоли, 9 ловечки пушки, 36 рачни бомби, 27 експлозивни уреди од рачна изработка, 201 килограми експлозивен материјал, 10.250 парчиња муниција за различни видови и со различен калибар, голем број организациски документи, медицински материјали и материјали за обезбедување на животните потреби на терористите, како и 439 килограми опојни материи.

Операциите „Ерен“ продолжуваат во 10 одделни подрачја и тоа Тендурек, Лиџе, планината Агри, Карлиова-Варто, Багок, Мергело, Мерџан-Мунзур, Аманослар, долината Казан и Габар.

 



Слични вести