Министерот Акар ја посети подморницата ТЏГ Ѓур

Подморниците од класата ЃУР, кои се во услуга од 2003 година, со своите современи системи имаат супериорна борбена моќ

1587390
Министерот Акар ја посети подморницата ТЏГ Ѓур

 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно со командниот кадар на Турските вооружени сили (ТВС) изврши смотра на подморницата „ТЏГ Ѓур“ која извршува многу важни задачи на Егејот и Медитеранот.

Министерот Акар ја посети командата на поморската база Фоча во Измир командантот на бродот и персоналот на подморницата „ТЏГ Ѓур“ доби информации за бродот и неговите должности.

Акар, по добивањето на информација дека подморницата успешно ја завршила својата претходна оперативна мисија под морето 38 дена без да види сончева светлина, му честиташе на персоналот којшто задачата за изврши во тешки услови.

Акар исто така доби информации за можностите и способностите на оружјето, системите и уредите во подморницата долга 62 метри тешка 1400 тони, каде се наоѓаат над 50 лица.

Акар и самиот го контролираше перископот на подморницата.

Подморниците од класа „Ѓур“ (GÜR) се најнапредните подморници во турската морнарица од аспект на оружјето и системите за контрола на оган.

Подморниците од класата ЃУР, кои се во услуга од 2003 година, со своите современи системи имаат супериорна борбена моќ.



Слични вести