Потпретседателот Октај: Турција и Азербејџан се договорија за Акциониот план составен од 138 одлуки

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека Турција и Азербејџан постигнаа согласност во однос на акциониот план составен од 138 одлуки

1587092
Потпретседателот Октај: Турција и Азербејџан се договорија за Акциониот план составен од 138 одлуки

Потпретседателот Фуат Октај и азеребјџанскиот премиер Али Асадов, денеска во Анкара учествуваа на Генералната седница на мешовитата турско-азербејџанска економска комисија.

Потпретседателот Фуат Октај во дадената изјава по седницата истакна дека Турција и Азербејџан постигнаа согласност во однос на акциониот план составен од 138 одлуки, вклучувајќи ги и точките за нова акција со коишто ќе им придаде интензитет на билатералните односи.

Тој рече: „Потпишаниот протокол со Азербејџан и Акциониот план се значајна фаза за целта за трговски обем од 15 милијарди долари.“

Потпретседателот Фуат Октај информира дека меѓу акциите за коишто е постигната согласност се приоритетни активностите за обнова и повторна изградба на областите кои се спасени и ослободени од ерменска окупација.

Азербејџанскиот премиер Али Асадов исто така истакна дека братска Турција беше покрај Азербејџан во сите процеси во регионот и го рече следното: „Овој наш одлучен став денеска го потврдивме уште еднаш.“

 



Слични вести