Делегацијата на ЕУ во Турција: Го осудуваме убиството на 13-те турски граѓани во Гара

Претседателот на делегацијата на ЕУ во Турција амбасадорот Николаус Мејер-Ландрут, истакна декасе ЕУ ја осудува сепаратистичко-терористичката организација ПКК во врска со убиството на 13 турски граѓани во областа Гара во северниот дел на Ирак

1587031
Делегацијата на ЕУ во Турција: Го осудуваме убиството на 13-те турски граѓани во Гара

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Николаус Мајер-Ландрут, на состанокот за запознавање во врска со „Проектот за развиени пазарни врски и бегалци и за поддршка на вработувањето во земјоделството регистрирано на име на турските граѓани“ што се одржа во Земјоделските кредитни задруги на Тарсус, ја осуди сепаратистичко-терористичката организација ПКК во врска со убиството на 13 турски граѓани во областа Гара во северниот дел на Ирак.

Во врска со убиството на 13 турски граѓани во Гара во северниот дел на Ирак, Мајер-Ландрут истакна дека Европската унија (ЕУ) ја осудува секој вид терористичка акција. 

Тој го изрази своето сочувство до семејствата на убиените и го рече следното: „Тоа е акт којшто го осудуваме како ЕУ, како и секој друг вид терористичка акција. Имавме еден шехид (убиен) и во Мерсин. Го изразувам моето сочувство до неговото семејство. Нека почива во мир.“

Потсетувајќи дека Турција е домаќин на голем број Сиријци, Николаус Мајер-Мандрут рече: „Како Европска унија (ЕУ) од 2016 година досега обезбедивме поддршка во износ од 6 милијарди евра и овие 6 милијарди евра до крајот на минатата година беа потрошени согласно договорите. Ние во оваа смисла, заедно со нашите меѓународни партнери и партнерите во Турција обезбедуваме финансиска помош. Нудиме поддршки како што се интеграциите на бегалците кон пазарот на труд, нивната адаптација кон општеството, обезбедување на вработување, а освен тоа финансирањето на учителите, изградбата на нови училишта, обезбедувањето на бесплатна поддршка во сферата на здравството и заштитата.“

Претседателот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Николаус Мајер-Ландрут, истакна дека „Проектот за развиени пазарни врски и бегалци и за поддршка на вработувањето во земјоделството регистрирано на име на турските граѓани“ е значаен и појасни дека со проектот ќе се обезбеди можност бегалците да имаат пристап до одржливи извори за живот и вработување.

По одржаните говори беше реализирана презентација во врска со проектот.

 



Слични вести