Чавушоглу оствари телефонски разговор со Лавров

Чавушоглу и Лавров на разговорот направиле анализа на прашањата за кои се разговараше на вчерашниот телефонски разговор меѓу претседателите Ердоган и Пути.

1586522
Чавушоглу оствари телефонски разговор со Лавров

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров.

Според дипломатски извори, Чавушоглу и Лавров на разговорот направиле анализа на прашањата за кои се разговараше на вчерашниот телефонски разговор меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.

Во соопштението на Дирекцијата за комуникации при претседателството беше истакнато дека на разговорот меѓу претседателот Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин беа разгледани чекорите што можат да се преземат за унапредување и развој на  односите меѓу Турција и Русија а исто така беше направена и проценка на регионалните прашања.

Во соопштението беше потенцирано дека претседателот Ердоган на рускиот колега му ги пренесе ставовите на Турција во врска со тоа дека треба да се вложат заеднички напори за сите прашања со цел да се одржи примирјето во Нагорно Карабах, а исто така беа разменети мислења и за прашањата Сирија и Либија.



Слични вести