Чавушоглу: Европа не треба да стане заложник на популистичките, расистичките и антимигрантските реторики

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во пораката по повод одбележувањето на годишнината од расистичките напади во германскиот град Ханау истакна дека Европа не треба да стане заложник на популистичките, расистичките и антимигрантските реторики

1587049
Чавушоглу: Европа не треба да стане заложник на популистичките, расистичките и антимигрантските реторики

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, денеска на одбележувањето на првата годишнина од расистичките напади во градот Ханау во Германија на својот профил на социјалната мрежа Твитер во знак на сеќавање на загинатите во расистичките напади, сподели титлувана порака на германски јазик.

Чавушоглу истакна дека со милост се сеќаваат на загинатите турски граѓани во расистичките напади во Ханау и им посака трпение на семејствата чија тага по своите изгубени не престанува.

Мевлут Чавушоглу во пораката напиша: „Европа не треба да стане заложник на популистичките, расистичките и антимигрантските реторики“.

Привлекувајќи внимание дека во Европа продолжува да расте расизмот, непријателството кон странците (ксенофобијата) и непријателството кон исламот (исламофобијата), Чавушоглу појасни дека минатата година само во Германија беа извршени повеќе од 900 напади против муслиманите. 

Подвлече дека процесот на пандемијата на новиот рип коронавирус ги зголеми расизмот и непријателството кон исламот (исламофобијата) и информира дека министерството за надворешни работи започна нова инцијатива во чии рамки секоја година ќе биде подготвен извештај со кој целиот свет ќе биде информиран за акциите и реториките коишто содржат непријателство кон исламот (исламофобија), непријателство кон странците (ксенофобија) и расизам.

„Ова го велиме мошне јасно: Веќе треба да завршат овие напади. Неприфатливо е овие работи да бидат затворени и да бидат изречени лесни казни, како во предметот со НСУ. Значајно е истрагата во врска со нападот во Ханау да резултира на праведен начин и по брза постапка. Во спротивно овој заболен менталитет ќе му се заканува на секого, не само на муслиманите и на странците.“ - напиша министерот Чавушоглу.

Привлекувајќи внимание дека на политичарите им се паѓаат значајни задачи по ова прашање, Мевлут Чавушоглу го достави следното предупредување: „Европа не треба да стане заложник на популистичките, расистичките и антимигрантските реторики“.

Алудирајќи на зборовите на германската канцеларка Ангела Меркел „расизмот и омразата се отров“ истакна дека нивниот противотров пак се наоѓа во рацете на политичарите со здрав разум. 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушголу појасни дека проблемот може да се реши само со соработка и преземање на одлучни чекори и го додаде следното: „Ние како Турција исто како и секогаш и во иднина ќе стоиме покрај нашите граѓани кои живеат во странство.“

 



Слични вести