Турција изрази загриженост од апсењата во Крим

Повикуваме на окончување на ваквите практики врз Кримските Татари кои претставуваат суштински сегменти на полуостровот Крим

1586273
Турција изрази загриженост од апсењата во Крим

Турција соопшти дека одлуката за приведувањето на Крим кој незаконски беше припоен од Русија предизвикува голема загриженост.

Во писменото соопштение на Министерството за надворешни работи беше истакнато следното:

„Одлуката за притворање и рациите на куќите на Кримските Татари на Крим кои започнаа вчераутро беше прифатена со голема загриженост.

„Повикуваме на окончување на ваквите практики врз Кримските Татари кои претставуваат суштински сегменти на полуостровот Крим. Турција како земја која не го признава незаконското припојување на Крим, ќе продолжи да стои на страната на Кримските Татари“ беше објавено во соопштението.

Вчера на Крим, Руските безбедносни сили (ФСБ) извршија рација во домот на група Кримски Татарски Турци и приведоа 6 лица.



Слични вести