Ракетен напад врз градчето Африн на северот на Сирија: Ранети се 10 цивили од кои 6 деца

Терористите на ЈПГ/ПКК од градчето Тел Рифат кое инаку требаше да го науштат во согласност со постигнатиот договор на 22 октомври 2019 година помеѓу Турција и Русија, продолжуваат да извршуваат напади врз центарот на градчето Африн

1585864
Ракетен напад врз градчето Африн на северот на Сирија: Ранети се 10 цивили од кои 6 деца

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК која продолжува да го држи под окупација подрачјето на градчето Тел Рифат во северниот дел на Сирија, оттука повторно изврши ракетен напад врз центарот на градчето Африн во кој се ранети 10 цивили од кои 6 деца.

Терористите на ЈПГ/ПКК од градчето Тел Рифат кое инаку требаше да го науштат во согласност со постигнатиот договор на 22 октомври 2019 година помеѓу Турција и Русија, продолжуваат да извршуваат напади врз центарот на градчето Африн.

На тој начин во последниот извршен ракетен напад од Тел Рифат врз центарот на Африн се ранети 10 цивили од кои 6 деца.

Истреланите ракети паднаа врз куќи при што е причинета и материјална штета.

Со започнатата прекугранична операција Маслиново гранче од страна на Турските вооружени сили (ТВС) со поддршка и на Сириската национална армија (СНА) на 20 јануари 2018 година сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК на 18 март 2018 година беше исчистена од подрачјето на градчето Африн.



 



Слични вести